Претседателот Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета втора

LinkSense.mk

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Лондон.

Оваа информација ја соопштија преку соопштение до медиумите од кабинетот на претседателот.

„Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември 2022 година (понеделник) во Лондон“, стои во соопштението испратено до медиумите.