Претседателски кандидат на 94 години

Партијата на власт во Зимбабве соопшти дека претседателот на државата Роберт Мугабе, ќе биде кандидат и на претстојните претседателски избори во 2018 година.

Според зборовите на административниот секретар на ЗАНУ-ПФ, Игнатиус Комбо, Мугабе ќе биде потврден како претседателски кандидат на партискиот конгрес оваа недела.

Комбо истакна дека Мугабе донесува „мудрост и единство“ на Зимбабве, државата која се бори со големи економски проблеми, поради што повремено се организираат антивладини протести.

Герилското движење на Мугабе беше најзаслужно што во тогашна Родезија, во 1980 година, ја смени власта на „белото малцинство“.

Таа година државата го смени името во Зимбабве.

Мугабе беше премиер до 1987 година, кога првпат е избран за претседател.

После тоа победуваше на изборите во 1990, 1996, 2000, 2008 и 2013 година.

Мугабе неодамна изјави дека сака да биде на чело на државата до неговата смрт, но истакна дека е подготвен да се повлече ако партијата го побара тоа од него.