„Поминаа скоро 2 години откако започна СЈО започна со работа и нема ниедна ефективна судска пресуда, што создавa перцепција за неказнивост“, напиша во новиот извештај за Македонија, Рајнхард Прибе.
Во вториот извештај, изготвен на 29 страници, пишува дека од суштинско значење е да се утврди кривична одговорност на сите сторители, без оглед на политичката припадност.
„Минимален напредок е постигнат со масовниот скандал со прислушувањето и енормното кршење на човековите права и слободи, поврзан со отпочнувањето на истраги за оние кои грешеле и го кршеле законот. Но, неопходно е овие постапки да се одвиваат што позабрзано и како приоритетни“, пишува во извештајот.
Прибе истакнува дека истрагите на СЈО мора да продолжат и по истекот на рокот за поднесување обвиненија.
Потребни се, напоменува тој, законски промени, посебно во делот на членот 22 од Законот за специјалното јавно обвинителство за продолжување на истрагите.
„Сè уште јавностa има чувство дека институциите им служат на партиите и функционерите, а не на граѓаните и државата. Грешките од минатото не треба да се повторуваат и една форма нa киднапирана држава не смее да се замени со друга. Некои активности кои треба да се спроведат во блиска иднина неизбежно ќе бидат тест-случаи во овој поглед“, пишува во дел од извештајот.








