Приведена заменичката на претседателот на турскиот парламент

Турската полиција ја приведе заменичката на претседателот на парламентот Первин Булдан, што е овозможено со новиот закон за одземање на пратеничкиот имунитет, соопшти прокурдската партија Народна демократска партија (ХДП), чиј член е таа.

Портпаролот на ХДП, Ајан Билген, вели дека Булдан е однедена од својот дом на испитување.

Владата на Турција ја обвини ХДП, партијата која во Турција е трета по големина, за поврзаност со курдски бунтовници, што партијата децидно го отфрли тоа, наведувајќи дека станува збор за инсинуации.

Парламентот во мај одобри укинување на пратеничкиот имунитет, а од тогаш 12 пратеници на ХДП се уапсени со обвинение дека се поврзани со тероризам.