Приведен разбојник, возилото што го украл е вратено на сопственикот

LinkSense.mk

Во Полициската станица Струга бил извршен службен разговор со Р.Р.(20) од Струга,
за кого бил распишан централен распис, поради сомнение дека на 22.12.2021 во
Скопје одзел патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки,
сопственост на Н.Б.(33) од скопско Крушопек.

Во полициската станица тој го признал делото. Возилото му било одземено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 242 од Кривичниот законик.