Пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“ во Македонија

Двесте илјади вакцини „Синофарм“ пристигнаа изутринава во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.

Пратката со вакцини ја пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

Вакцините се купени во директни преговори со производителот. Со нивно распоредување во регионалните вакцинални пунктови во шест града низ државава по празниците треба да стартува масовната имунизација на населението. Досега во државава се вакцинирани 60 000 граѓани.