Намалено присуството на корона во отпадните води во Солун и Атина

Во осум грчки градови, присуството на коронавирусот во отпадните води е зголемено за периодот 19–25 април, споредбено со една седмица претходно, а во Александруполи достигнува до 156 отсто, јавува МИА.

Според податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција, присуството на коронавирусот во отпадните води, намалено е во Атина (за 33 отсто), во Солун (21 процент) и во Хања на Крит (4 отсто) од 11 градови вклучени во анализата.

Во останатите осум зголемувањето се движи од 5 до 156 отсто.