Притворот на Јордан Камчев продолжен за уште 30 дена

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, на барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, му ја продолжи за уште 30 дена мерката притвор на Јордан Камчев, осомничен за случајот „Плацеви на Водно”.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое сеуште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја породолжи мерката притвор за 30 дена. Против ова решение, странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд – Скопје, соопштија од Основен кривичен суд Скопје.

Одбраната на Јордан Камчев, пак, претходно најави дека до Судскиот совет на РСМ ќе поднесат преставка за несовесно и нестручно работење на судијата на претходна постапка.