Пријавени над 2000 штети од земјотресот во Атина

Над 2.000 штети биле пријавени во осигурителните компании по земјотресот од 5.3 степени во Атина на 19 јули, соопштуваат од Здружението на осигурителни компании во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од пријавените штети околу 1.700 се однесуваат на домови, а околу 300 на бизниси.