Продолжува трендот на намалување на бројот на новопотврдени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 24 до 30 август, направени се 9.944 тестирања на вирусот SARS-CoV-2, а регистрирани сe 666 нови позитивни случаи што претставува намалување од 20,6 отсто во однос на претходната недела.

Новорегистрирани случаи има во 29 градови во државата, а најголем дел се од Скопје – 31,4 отсто. Во истиот период, во 23 града, или седум повеќе во однос на претходната недела, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 6.7 проценти што претставува намалување од 0,8 отсто во однос на претходната недела.

Овој индикатор и натаму покажува континуиран тренд на намалување во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10 отсто, 9.4 проценти, 8.6отсто, 7.8 отсто, и 7.5 проценти.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И во овој период најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 158 (23,7 отсто) позитивни.

Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=138; 20,7%), 50-59 (n=122; 18,3%) и 20-29 (n=113; 17,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=12; 1,8%) и 10-19 години (n=31; 4,7%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=657; 98,6%), регистриран е 71 (10,7%) хоспитализиран (намалување од 40,3% во споредба со минатата недела), а кај 195 (29,6%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 212 (32,2%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 24 лица со историја на патување во последни 14 дена.

Во споменатиот период, по добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 558 лица или 100 отсто повеќе во однос на претходната недела.

Пријавени се 35 смртни случаи од 13 градови, зголемување од 84,2 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 26 биле над 60 години, 5 на возраст од 50-59 и 4 на возраст од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани, а коморбидитети се регистрирани кај 29 од случаите.

Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за Состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија – 24-30.08.2020, како и Кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/.