Променливо облачно и ветровито со температури до 14 степени

LinkSense.mk

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Лазарополе, 32 литра на метар квадратен, а најмалку во Битола, Гевгелија и Демир Капија, еден литар на единица површина.

Како што информира Управата за хидрометереолошки работи, измерени се и 22 литра на метар квадратен во Пожаране, 20 во Маврови Анови, 16 во Тетово, 15 во Дебар, 9 во Попова Шапка, 5 во Претор, 4 во Скопје Зајчев Рид, 3 во Куманово и Крушево, како и 2 литра Берово, додека на Попова Шапка има снежна покривка со дебелина од 26 сантиметри.

Минималните температури до 8.30 часот се движеа од -1 степен на Попова Шапка и Лазарополе, еден во Маврови Анови, 2 во Тетово и Берово, 3 во Крушево, 4 во Скопје, Куманово, Прилеп и Струмица, 6 во Битола, Претор и Дебар, 7 во Гевгелија, 8 во Штип, Охрид, Крива Паланка, Виница и Дојран, како и 9 во Демир Капија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито. Особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои на северозапад ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен. Снег ќе има само на повисоките планински врвови. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 13 степени.