Променливо облачно и студено

LinkSense.mk

Денес времето ќе биде променливо облачно, локално со слаби врнежи од дожд, на места и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 0°C, а максимумалната од 1 до 9°C.

Утрово најстудено беше на Попова Шапка каде беа измерени 12 степени под нулата. Во Маврово температурата беше -7, во Берово и Крушево -6, -4 во Дебар, -3 во Струмица и Охрид, -2 во Прилеп, Претор и Крива Паланка, -1 Битола и Виница, 0 во Куманово, Штип и Тетово, и 1 во Скопје, Демир Капија, Дојран и Гевгелија.

Висина на снежна покривка во 7 часот изнесуваше 76 сантиметри на Попова Шапка, 16 во Маврово, 10 во Лазарополе и 6 во Крушево.