Прометот од македонски производи вчера е зголемен трипати

„На првиот ден од „Викенд без ДДВ“ вчера (10 октомври) прометот од македонски производи е зголемен за трипати“, соопшти Управата за јавни приходи по обработените податоци.

„На граѓаните кои вчера ја искористиле оваа мерка, ќе им се врати целосниот ДДВ за купените македонски производи/услуги, како и за купена компјутерска опрема, во рок од 15 дена од издадената сметка односно до крајот на овој месец“, соопшти УЈП.

Мерката трае заклучно со утре, 12 октомври, а граѓаните треба да ги скенираат сметките во рок од три дена по нивното издавање.