Промоција на „Мојот непријател Итар Пејо“ од Калина Малеска

LinkSense.mk

Во издание на ИЛИ-ИЛИ, вечерва во ГЕМ ќе се одржи промоција на новата збирка раскази на Калина Малеска „Мојот непријател Итар Пејо“.

За книгата ќе зборуваат писателката Оливера Ќорвезироска и професор Зоран Анчески.

Книжевната критичарка Ќорвезиоска за книгата вели дека е одлична раскажувачка јас-точка на измислен лик спротиставен на Итар Пејо, дека целосно ги освојувачитателските симпатии и на распнатото јаже помеѓу измислениот лик и неговиот „непријател“ – фолклорниот херој и еквилибристички вешто го движи исписот на новата можна книжевна вистина.

Малеска е писателка, професорка по книжевност и книжевна критичарка. Ги напишала збирките раскази „Недоразбирања“ и „Именување на инсектот“, романите „Бруно и боите“ и „Призраци со срмени нишки“ и драмата „Случка меѓу настани“.