Пронајдено безживотното тело на 16-годишното момче од Ресен во Преспанското езеро

Нуркачки тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР денеска околу 14.00 часот во водите на Преспанското Езеро го пронајде безживотното тело на 16- годишното момче од Ресен.

Момчето беше пријавено за исчезнато на 2 август. Тоа исчезнало во водите на Езерото кај туристичката населба „Претор“.

По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.