Вулканот на југоисточниот јапонски остров Сатсумаио почна денеска да исфрла лава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Нема какви било информации за евентуална штета во таа слабо населена префектура Кагошима, пренесува Ројтерс.
Од локалната канцеларија на метеоролошката агенција ги советуваа луѓето да го одбегнуваат ова подрачје, издавајќи предупредување после ерупцијата што е проценета на ниво 2, на скалата до 5.







