Протешевиќ ја „сврти плочата“

Уапсениот белоруски опозиционер Роман Проташевич (26), кој се наоѓаше во авионот кој што заради дојава за подметната бомба слета во Минск и тогаш беше приведен, повторно дојде во центарот на вниманието затоа што одлучи пред ТВ камерите на каналот ОНТ да раскаже се што знае за организаторите и финансирањето на демонстрациите против претседателот Александар Лукашенко.

Главните финансиери, вели, биле во Полска и Литванија како и американските фондови кои давале „грантови“.

Проташевич, главниот уредник на Телеграм каналот Некст, пред камерите ги кажал имињата на сите белоруски водачи на опозицијата.

Тој е свесен дека сега ќе го сметаат за предавник, но на јавноста и кажа дека „сака да ги исправи своите грешки“.

„Мојата главна грешка беше заминувањето во Донбас, кога бев во батаљонот ‘Азов’, каде што правев репортажа. Се надевам дека белоруските власти нема да ме испорачаат на Доњецката народна република“, рече Проташевич, кого инаку го довезоа од истражниот затвор во студиото на ОНТ. Ова беше негово трето појавување на државната телевизија од кога е уапсен.

Очигледно уплашен дека го чека најмалку едена деценија престој зад решетки, Проташевич изјави дека се сфатил и дека никогаш повеќе нема да се занимава со политика.

„Проектор ‘Белоруска куќа’ во Варшава го финансираат Полјаци. Тамошната влада им даваше пари на пребегани од Белорусија. Таму лично доаѓаше премиерот на Полска“, раскажа Проташевич.

„Опозициските емигранти делумно ги финансираат и белоруски бизнисмени, но и некои руски олигарси. Беа тоа месечно суми од 3.000 до 20.000 долари.

Проташевич не негира дека учествувал во разговори кога се планирало како да се тргне од власт претседателот Лукашенко. Тоа признание, според одделни лица, било очекувано затоа што полицијата ги имала сите снимки од тие разговори. Биле правени планови како да се потплатат воени лица за да се направи воен преврат. Но на крајот од тоа не излегло ништо затоа што организаторите, сите до еден, беа уапсени.

„Сега треба да ги запреме уличните активности и да почекаме додека економската ситуација не се влоши и додека луѓето не излезат на улица по чинија супа“, заклучи младиот опозиционер.

Иако Роман Проташевич во ТВ разговорот го зборуваше она што полицијата веќе со месеци наназад го објавуваше, Ана Красуљина, портпаролката на Светлана Тихановска која себе си се прогласи за победник на претседателските избори во Белорусија, вели дека интервуто е направено под притисок. При крајот на разговорот тој дури и заплака.

И неговите родители вчера тврдеа дека тој оваа изјава ја дал под притисок.

„Го знам својот син, и знам дека вакви работи не би рекол“, изјави таткото на Роман. „Го ‘скршија’ и го натераа да каже тоа што тие го сакаа.

Белоруската КГБ тврди: Проташевич е член на фашистичкиот батаљон „Азов“

Роман Проташевиќ беше припадник на батаљонот „Азов“, објави белоруската тајна полиција – КГБ.

„Проташевиќ учествуваше во акциите на батаљонот ‘Азов’, на југоистокот на Украина. Против борците на таа фашистичка организација е покрената кривична постапка во Руската Федерација“, соопшти Иван Тертел, шефот на КГБ на Белорусија.

Според неговите зборови, искуството стекнато во батаљонот, Проташевич активно го применувал во односот кон Белорусија.

„Беше организатоар и координатоир на масовни нереди кои го загрозуваа животот и здравјето на обичните граѓани и органите на редот. Исто така, тој е шеф на еден од интернет каналите, кои нашето законодавство оправдано ги препознава како екстремистички, рече Тертел.

Украинската доброволна единица, батаљонот „Азов“, формирана е во 2014 година и ја финансира олигархот Игор Коломојски, гувернер на Дњепропетровската област во Украина.

Батаљонот, како дел од украинската Национална гарда, активно учествуваше во судирите на истокот на Украина.

Симболите на единицата заради своите нацистички конотации предизвикаа контроверзи во меѓународната јавност, но исто така во нејзините редови привлекоа голем број екстремни доброволци од западноевропските и други држави.

Дипломатска пошта

Литванското министерство за надворешни работи ја обвини за Белорусија за обид за мешање во дипломатската пошта, затоа што белоруските граничари побарале од литванскиот курир, кој вчера тргнал со звтомобил од Вилнус со документи наменети за литванската амбасада во Минск, да ги отвори запечатените документи. Курирот одбил да го стори тоа, по што бил вратен од границата.

Ни прелети, ни слетувања

Амбасадорите на членките на Европската унија на состанок во Брисел го усвоија предлогот на белоруските авио-компании да им се забрани прелет преку воздушниот простор на Унијата и слетување на аеродромите ширум неа.

Оваа мерка е една во низата санкции против белоруските власти после инцидентот со авионот на „Рајан Ер“ и апсењето на Проташевич.

(Фото: АП)