Пукање во Сакраменто: Шест лица загинаа, а 10 се ранети

LinkSense.mk

Најмалку шест лица загинаа, а девет други се повредени во пукотница рано наутро во Сакраменто, главниот град на Калифорнија, соопшти тамошната полиција.

Безбедносните сили објавија дека неколку улици во центарот на градот се затворени додека трае истрагата.

Видеата на социјалните мрежи покажуваат како луѓе трчаат и бегаат на улица.

Инцидентов доаѓа нешто повеќе од еден месец откако маж ги уби своите три деца, четвртото лице, а потоа и себе си, во истиот град.