Пукотници и експлозии во Бејрут, двајца загинати и седуммина повредени

Најмалку две лица загинаа, а седум се повредени во немирите кои избија во Бејрут
за време на протестот против главниот судија во истрагата за минатогодишната
експлозија во пристаништето на либанскиот главен град, објавија западните
медиуми, повикувајќи се на неименуван извор од армијата.

Како што пренесуваат стрранските медиуми, протестот бил организиран затоа што се бара отстранување на судијата од случајот за експлозијата во Бејрут.

Како што јавува Си-Ен-Ен, 9 лица се повредени.

Стотина приврзаници на Хозболах кои го поддржуваат Иран и нивниот главен штитски сојузник Амал демонстрирале денеска кон Палатата за правда во главниот град, кога почнало пукањето кон демонстрантите од непозната локација, приморувајќи ги нив, како и новинарите да се тргнат, пренесува Си-Ен-Ен.