„Главните непријатели на Русија се сиромаштијата, здравствените проблеми, образованието и инфраструктурата“, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.
Како што наведе, после објавувањето на резултатите од парламентарните избори во Русија слушнал викање „Ура“ во неколку изборни штабови, меѓутоа, тој смета дека „сеуште е рано да се извикува Ура“.
„Непријателот – сиромаштијата, за сега не е победен, треба да се зголеми нивото на благосостојба на граѓаните“, рече шефот на државата на состанокот со потпретседателите на руската влада.
Путин нагласил дека во Русија има уште доста од тоа на што треба да се работи, меѓу останатото, најповеќе на зголемување на нивото и квалитетот на животот на Русите.
Претседателот им се обрати на потпретседателите на владата со молба во рамки на владата, министерствата и ресорите да формираат тимови за сите сфери заради оперативна и ефикасна реализација на фундаменталните задачи. Тој нагласил дека очекува активна и ефикасна работа во блиска и среднорочна перспектива.
„Луѓето ја оценуваат нивната реализација, нивното решавање. Меѓутоа, ништо помалку важна и реална е и секојдневната работа на владата и нејзините институции“, нагласил рускиот лидер.







