Путин и Бајден ќе договараат мир и стабилност

Претседателите на Русија и Америка, Владимир Путин и Џо Бајден, се фокусирани на тоа за да постигнат одреден резултат во текот на средбата, дури и во случај тоа да биде само некој вид воспоставување на дијалог меѓу земјите, изјави заменик шефот на Советот на Руската федерација, Константин Косачов.

„Важна вест – средбата на претседателите на Русија и Америка за којшто зборувавме навистина ќе се случи. Имајќи ги во вид сериозните намери на Путин и Бајден, можам со сигурност да тврдам дека ова нема да се сведе само на поздравување пред ТВ камерите, туку дека на состанокот ќе се сака да се постигне одреден резултат. Дури и да биде тоа само воспоставување на дијалог, во денешно време и тоа е многу, рече Косачов.

Иако сите со нетрпение го очекуваат тој 16 јуни, додаде тој, не се исклучуваат ниту одредени провокации од страна на противниците на руско-американскиот дијалог.

Во исто време, шефот на Комитетот за меѓународни односи на руската Државна дума, Леонид Слуцки, смета дека најавената средба ќе даде шанса да се воспостави нормален дијалог меѓу двете земји, иако за „рестарт 2.0“ за сега, се чини, е прерано да се зборува.

Со констатација дека главните теми на разговорот ќе бидат стратешката стабилност и решавањето на регионалните конфликти, Косачов вели дека Москва и Вашингтон треба да ги допрат оние теми кои би претставувале допирни точки заради ширење на соработката.

Горбачов: Сетете се како изгледаше средбата со Реган

И поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, ја искоментира најавата на средбата на лидерите на САД и Русија, потсетувајќи на фактот како некогаш изгледала неговата средба со некогашниот американски претседател Роналд Реган, која во 80-тите години од минатиот век, беше оджана, исто така, во Женева.

„Со Реган го чистевме сиот хаос којшто се имаше насобрано со години. Да не беа тие средби ништо немаше да направиме. А тогаш, дадовме таков импулс што после тоа 85 отсто од нуклеарниот арсенал од Ладната војна беше целосно уништен“,

                                         Михаил Горбачов

Горбачов истакна дека е оптимист по прашањето за престојната средба иако руско-американските односи, како што оцени, моментно се во исклучително лоша состојба.