Путин и се обрати на нацијата: Најавена делумна мобилизација

LinkSense.mk

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска и се обрати на руската нација, а за време на своето обраќање најави делумна мобилизација.

Обраќањето на Путин и Шојгу следи откако самопрогласената Луганска Народна Република, Доњецката Народна Република и Херсонската и Запорожската област објавија дека референдумите за присоединување кон Русија ќе се одржат од 23 до 27 септември.

А, претседателот на Русија својот говор го започна токму со прашања за споменатите територии

„Ја штитиме Русија, но и Доњецк и Луганск.

Од почетокот на воената операција и преговорите во Истанбул, конечно имаме позитивни реакции на нашите барања. Ќе направиме се што е во наша моќ да одржиме мирен и безбеден референдум во ДНР и ЛНР“, рече Путин.

Рускиот претседател напомена дека Западот ја поминал секоја граница.

„Неодговорни политичари зборуваат за испораки на офанзивно оружје за Украина, се вршат напади врз Русија.Русија, како и досега, ќе ги спречи сите оние кои се стремат да владеат со светот, се закануваат со распаѓање и поробување на државите“, истакна Путин.

Путин најави делумна мобилизација. Указот, рече, веќе бил потпишан.

„Парламентот ќе биде информиран за мерките потребни за спроведување на делумна мобилизација“.

Вели дека не блефира кога кажува оти Русија ја брани со сите расположливи средства.

„Кога зборуваат за нуклеарно оружје, тие кои го зборуваат тоа нека знаат дека нашата земја има повеќе модерно оружје од НАТО.

Кога станува збор за одбрана на нашата територија, подготвени сме да ги штитиме луѓето со сето расположливо оружје. Не, јас не блефирам. Не не уценувајте со нуклеарно оружје“, порача Путин.

Обраќањето првично беше закажан за вчера, но од непознати причини, одлучено е тоа да се одржи денеска.

 

 

 

 

 

 

(Фото: РСЕ)