Путин му ја честиташе на Асад победата во Алепо

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на сирискиот колега Башар ел Асад за ослободувањето на Алепо од бунтовниците и додаде дека сега целта на Русија во Сирија е земјата да се насочи кон постигнување на целосен мир.

Путин преку телефон разговарал со Асад кому му честитал „крај на операцијата за ослободување на Алепо од бунтовниците“, соопшти Кремљ.

„Успехот е постигнат благодарение на напорите на сите оние кои се вклучени во борбата против тероризмот во Сирија“, рекол Путин и додал дека целта сега е „фокусирање на прашањата за мирно решавање на конфликтот како и постигнување на спогодба“.

Сириската војска прогласи потполно превземање на контролата над источниот дел на Алепо, кој од 2012 година беше во рацете на бунтовничките сили и од каде од 15 декември, под надзор на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, се евакуирани 35.000 цивили и бунтовници.