Путин потпиша закон за новинари како странски агенти

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша денеска закон кој и овозможува на владата да прогласи новинари, блогери и корисници на социјални мрежи за странски агенти, односно за претставници на интереси од центри од странство.

Како што наведува АП, со тоа е проширен веќе постоечкиот закон за странски агенти со кои се опфатени медиумите финансирани од странство.

Новиот закон може да се однесува на секој којшто дистрибуира содржина на странски медиуми регистрирани како странски агенти и прима уплати од странство.

Поединци регистрирани како странски агенти ќе бидат предмет на дополнителен надзор, пренесува АП.

Овој закон наиде на критика на многу луѓе во Русија и во светот кои тврдат дека ја ограничува слободата на говорот.

 

(Фото: АП)