Путин ја прекина испораката на гас за Бугарија

LinkSense.mk

Бугарија од јуни ќе добие американски течен природен гас (ЛНГ) од јуни, што ќе и помогне откако руски Гаспром го прекина снабдувањето со гас, соопшти бугарската влада.

Аранжманот е договорен на средбата меѓу премиерот Кирил Петков и американскиот потпретседател Камала Харис во Вашингтон.

На 27 април, Гаспром ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска затоа што и двете држави одбија да плаќаат гасот во рубли. Бугарија годишно троши околу 3 милијарди кубни метри гас, од кои над 90 отсто доаѓа од Русија.

Бугарија е во преговори со Азербејџан за зголемување на испораките на гас и се обидува да преговара за ЛНГ преку терминалите во Грција и Турција. Исто така, ја повика ЕУ заедно да купуваат гас за цените да бидат поконкурентни.

 

 

 

 

 

(Фото: АП)