Пушењето при поголеми жештини е поштетно

Пушењето за време на потоплите периоди е особено штетно, поради зголемениот токсичен ефект, изјави Евгениј Брун, одговорен нарколог во руското Министерство за здравство.

„Пушењето е штетно во кое било време од годината. Но, при жештините, пушењето е особено штетно и тоа се должи на фактот дека кога е многу топло, има поголем товар на кардиоваскуларниот и респираторниот систем. Тоа важи и за обичните и за електронските цигари. И воопшто, се зголемува штетата врз организмот на пушачите при жештините. Главниот фактор на опасности од пушење се срцевите нарушувања. А главна група луѓе кои се разболуваат се оние погодени од токсичните влијанија на тутунот, вели Брун.

Според специјалистот, кога самото тело доживува хипоксија (недостаток на кислород во артериската крв), потребата да се консумираат психоактивни супстанции се намалува. Сепак, „постраствените пушачи“, вели лекарот, не го забележуваат ова и пушат како што се навикнати, а опасностите по нивното здравје на тој начин се поголеми.

„Како резултат на тоа, тие може да доживеат падови и хипоксија на мозокот во жешките летни денови. Цигарите предизвикуваат спазам на мозочните садови и тоа, заедно со жештината и дехидрацијата, може да доведе до слабости, падови или состојба на пред-мозочен удар.

Никотинот е кардиоваскуларен отров и со жештината, тој само се засилува, односно неговите патолошки влијанија, предупреди докторот.