Ракети на Хамас погодија градинка, нема повредени

Израелското радио Кан информираше дека утринава биле погодени градинка и фабрика на израелска територија, во Сдерот, но дека нема жртви.

Размената на ракетните напади меѓу Израел и Хамас почна на 10 мај заради нередите кај џамијата Ал Акса на Храмовна гора во Источен Ерусалим.

Според последните податоци, во изминативе осум дена колку што траат нападите од двете страни загинале 10 Израелци и повеќе од 220 Палестинци.