Еурофарм Работник пред најтежок натпревар во сезоната

„Се наоѓаме пред најтешкиот натпревар во сезоната“, изјави тренерот на Еурофарм Работник, Божидар Мојсов, во пресрет на средбата со шпанскиот вицеправак Бидасоа Ирун.

Никој не посакува да има промени сред сезона, рече Мојсов, но ќе се справиме со лидерот на табелата.

„Бидасоа Ирун е одлична екипа, системски добро подготвена. Тие долго време играат заедно и сигурно ни следи тежок натпревар. Би посакал играчите да излезат на терен и да го покажат најдоброто од себе. Имаме голем неспорен квалитет во екипата и се надевам на добар натпревар и максимално ангажирање. Сите ракометари се спремни, со исклучок на Милорад Кукоски, кој е неизвесен“, изјави Мојсов.

Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Бидасоа Ирун во рамки на групата „Ц“ од ракометната Лига на шампионите, се игра в сабота во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.