Ралф Рангник со оди од Манчестер јунајтед

LinkSense.mk

Привремениот менаџер на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, одлучи да го напушти тимот од Олд Трафорд, соопшти англискиот клуб.

Рангник (63) беше менаџер на Јунајтед во претходните шест месеци, а претходно беше договорено по завршувањето на сезоната да остане во клубот како консултант.

Тој во меѓувреме ја презеде фудбалската репрезентација на Австрија, а потоа реши дефинитивно да си замине од „Олд Трафорд“. А, „црвените ѓаволи“ тоа го поврдија во соопштение.

Би сакале да му се заблагодариме на Рангник за неговите напори во изминатите шест месеци како привремен менаџер. Со спогодбен договор, Ралф сега ќе се фокусира на новата улога, како селектор на Австрија, па нема да има консултантска улога во нашиот клуб. Му посакуваме се најдобро во новото поглавје од неговата кариера“, соопшти Манчестер јунајтед.

Јунајтед ја заврши сезоната на шестото место на табелата. Англискиот клуб го презеде поранешниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг.

 

 

 

 

 

(Фото: АП)