Фудбалерите на Ливерпул продолжија со низата лоши игри во Премиер лигата и доживеаја уште еден пораз кој ги оддалечи, не само од шампионската трка, туку и од борбата за Лигата на шампионите. Подобар од нив, и тоа убедливо, беше Брајтон, кој на својот стадион победи со резултат 3:0.
Тимот од Енфилд и во претходните години под водство на Јирген Клоп знаеше да испушти бодови, губеше како и сите други, но никогаш како оваа, не се случувало да бидат вака надиграни.
Како и многу пати во сезоната 2022/2023, Ливерпул е прегазен, и резултатски, и статистички, и по впечаток.
Клоп без Фирмино, Нуњез, Ван Дајк, а неговиот тим едноставно не личеше на себе. Првите 45 минути одолеваше на нападите на избраниците на Де Зерби, а тогаш, тоа што се насетуваше се случи во 47 минута.
Одличниот Јапонец Митома асистент, а Соли Марч стрелец.
Само шест минути подоцна, истиот играч зголеми на 2:0 на додавање на младиот Ирец, Итан Фергусон, кого италијанскиот стручњак го лансираше во фудбалската орбита откако пристигна на брегот на Англија.
Се очекуваше дека „црвените“ жестоко да го нападнат голот на противникот, но тоа не се случи, исто како и до тогаш беа инфериорни.
Казната за летаргичниот пристап дојде во 82. минута, кога мрежата ја затресе заборавената надеж на Манчестер Јунајтед од ерата на Сер Алекс Фергусон, Дани Велбек.
Со овој пораз Ливерпул падна на осмата позиција, со дури седум бодови помалку од четвртото место кое води во Лигата на шампионите, а на кое се наоѓа Њукасл. Следниот натпревар „црвените“ го играат на 21 јануари кога дома го пречекуваат Челзи.
Од друга страна, Брајтон со оваа победа стигна до седмата позиција, веднаш пред денешниот ривал, а во следното коло од Премиер лигата гостува кај Лестер.
(Фото: АП)