И покрај најавите од крајот на минатата и почетокот на оваа година дека БДП во 2017 ќе скокне најмалку 3, а можеби и 3,5 отсто,Србија се најде убедливо на крајот на регионот од Централна и Југоисточна Европа после првата половина од годината.
Во првото тримесечје економскиот раст изнесуваше 1,2 отсто, а во второто „забрза“ на 1,3 отсто, што според пресметките бара економски раст од околу 5% до крајот на годината за да се достигнат зацртаните 3%.
Последиците за слабиот раст на БДП-то од планираните 3% според кои е составен и буџетот за оваа година, можат да бидат даночни приходи помали од планираните. Меѓутоа, тоа за сега не ги загржува властите во Белград со оглед дека за шест месеци е остварен суфицит во републичкиот буџет од 33 милијарди динари, додека примарниот суфицит (без камати на јавниот долг) е преку 104 милијарди динари.
Уште еден негативен ефект на забавување растот на економската активност е забавување на падот на јавниот долг кон БДП-то којшто на крајот на јуни беше на ниво од 65,7% од БДП-то, што е најмалку од средината на 2014 година.
Експертите сметаат дека главниот проблем е во лошата деловна клима, како и во слабиот прилив на странски директни инвестиции во првиот квартал за што се објавени и податоци, како и на слабото извршување на јавните инвестиции од буџетот во првите шест месеци во однос на минатата година.







