Раст на бројот на ковид заболени во Македонија

Нови 805 случаи на Ковид-19 од направени 6.980 тестирања се регистрирани во изминатото деноноќие. Најмногу има во Скопје, Гостивар и Тетово.

Починати се 10 лица, четворица се од Тетово, двајца од Кичево и по едно во Гостивар, Скопје, Дебар и Куманово. Сите се починати во болнички услови.

Најголем број од новозаболените се од Скопје – 240, по што следува Гостивар со 138 и Тетово со 136 нови случаи.

Во останатите градови низ државата бројките се двоцифрени или едноцифрени. Така, во Куманово се регистрирани 53 случаи, во Струмица 50, Кичево – 46, Охрид – 32, Дебар – 18, Битола и Струга – по 15, Велес – 13, Кавадарци – 9, Прилеп и Свети Николе – по 7, Штип – 6, Кочани, Ресен и Радовиш – по 4, Берово и Виница – по 2, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 77 оздравени пациенти, а бројот на активни случаи е 5.761 лице.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на пандемијата изнесува 162.164, а бројката на оздравени е 150.851. Починати се 5.552.

Досега направени се вкупно 1.062.292 тестирања на Ковид-19.

 

 

Фото: (МИА)