Раст на Вол стрит, пад во Европа и скок во Јапонија

Акциите на Вол стрит денеска се во пораст, додека берзите во Европа се во благ пад после скокот на токиската берза.

Скокот во Јапонија следеше по објавата дека индексот на набавки во стопанството во декември со 52,4 поени беше највисок минатата година.

Во Европа денот мина без посериозни потреси – германскиот Дакс и францускиот КАК-40 се во пад од 0,2 отсто, додека британскиот ФТСЕ 100 денес беше речиси на нула.

Најголемите добивки на Вол стрит поврзани се со компаниите кои се ориентирани на потрошувачите.

Производителите на автомобили „Џенерал моторс“ и „Форд’ се, исто така, меѓу добитниците затоа што ги објавија извештаите за продажба во декември.

Индексот Дау Џонс е во раст од 0,2 отсто, Стандард енд Пур 500 од 0,5 отсто, а Насдак од 0,7 отсто.

Дау има најмал раст поради помалиот пад на вредноста на акциите на осигурителната компанија Јунајтедхелт и на нафтениот гигант Ексон мобајл.

Цените на нафтата се во пораст од 0,7 отсто – лесната американска нафта поскапе на 52,7 долари за барел, додека нафтата Брент отиде на 55,9 долари за барел.