Шпанскиот фудбалски репрезентативец Алваро Одриозола кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид после трансферот од Реал Сосиедад, соопштија од шампионот на Европа.
Овој 22-годишен десен бек стави потпис на шестгодишен договор со Реал, додека на баскискиот клуб ќе му припаднат 30 милиони евра веднаш и уште пет во случај на остварени бонуси.
Одриозола зад себе има одлична сезона во Сосиедад, се избори за место во репрезентацијата за настап на Мундијалот во Русија, но не одигра ниту еден натпревар.
Во Реал ќе ја засили конкуренцијата на позицијатана десната бековска позиција каде што досега стандарден на тоа место беше Дани Карвахал, играч кому во националниот тим му беше резерва.
Одриозола кариерата ја почна во клубот од Сан Себастијан и за само една година во Примера ја воодушеви фудбалската јавност на Пиринејскиот полуостров.







