Рекорден број на нови смртни случаи од коронавирус во Романија

LinkSense.mk

Рекорден број на нови смртни случаи од коронавирус вчера се регистрирани во Романија, во болниците нема повеќе слободни кревети на одделите за интензивна нега.

Во последните 24 часа, пријавени се повеќе од 18.800 нови инфекции со „Ковид-19“, а 574 луѓе починале. Романија е втората земја во Европа со најниска стапка на вакцинација, пишува Ројтерс.

Видеата од болниците во Букурешт покажуваат пациенти како лежат на душеци на подот или држат резервоари за кислород на преполните клупи во ходниците.

Мртовечниците работат со полн капацитет.

“Нема доволно простор за сите случаи. Ако стапката на вакцинација беше 70 до 80%, сега ќе имавме десет пати помалку смртни случаи”, рече Клаудио Русу, доктор во единицата за интензивна нега.

Во Романија, само 36% од возрасната популација е целосно вакцинирана, а просекот на Европската унија е 74%.

Досега во октомври, едно лице на секои пет минути починува во земјата од последиците од инфекција со ковид.