Рекорден раст на убиства во Индија поради чест

Во Индија во минатата година е забележен раст на таканаречените убиства од чест за речиси 800 отсто.

Поразителната статистика натерала индиски официјални лица и групи за заштита на правата на жените да побараат истрага за тоа како е можно такви злосторства да опстануваат во општеството.

Министерот за внатрешни работи Хансрај Г. Ахир во обраќањето пред пратениците во парламентот рече дека полицијата минатата година регистрирала 251 случај на убиство од чест, додека во 2014 година биле евидентирани 28 случаеви.

Официјалните лица од лани почнаа да прават разлика меѓу обичните убиства и убиствата поради чест.

Како што наведува агенцијата АП, на порастот на бројот на убиствата, делумно влијаела поголемата подготвеност на луѓето да ги пријават злосторствата, кои и понатаму се сметаат за казна за мажите и жените кои и пркосат на правилата на заедницата, се венчаат за партнери од друга вера или надвор од кастата.

Извршителите на злосторствата се често членови на семејства на млади двојки кои сакаат да ги казнат поради срамотење на фамилијата.

Убиствата најчесто се правдаат со заштита на семејниот углед, а многу случаи не се пријавуваат во полицијата.

Локалните политичари пред ваквите инциденти затвараат очи, сметајќи ги како прифатлив облик на традиционална правда, односно за заштита на семејната чест.