„Рено“ и „Мекдоналдс“ заминаа од Русија

LinkSense.mk

Производителот на автомобили „Рено“ одлучи дефинитивно да се повлече од рускиот пазар. Францускиот автомобилски гигант одлучи да го продаде својот удел во филијалата „Автоваз“, во која се произведува и „лада“.

Одборот на директори на Групацијата Рено едногласно одлучи да продаде 100 отсто од својот удел во концернот Рено Русија, како и 67,69 отсто од акциите што ги поседуваше во АвтоВАЗ и рускиот Централен институт за истражување и развој на автомобили и мотори. Сумите не се споменати.

Овој гест е директна последица на руската инвазија на Украина, соопштуваат од Франција. Исто така, „Рено“ имаше огромни тешкотии во снабдувањето со делови за склопување автомобили, по почетокот на украинската војна. Акциите на Рено во Русија сега се во целосна сопственост на руската држава.

Сепак, „Рено“ ја остави можноста за откуп на акции во иднина. Рокот за тоа е шест години.

Донесовме тешка, но неопходна одлука. Тоа е одговорен избор кон нашите 45.000 вработени во Русија, истовремено зачувувајќи ги перформансите на групацијата и нашата способност да се вратиме во земјата во иднина, во поинаков контекст“, изјави извршниот директор на Рено, Лука де Мео.

Францускиот производител ја затвори и фабриката во близина на Москва, каде се произведуваа возила „нисан“ и „рено“. Русија е вториот ои големина пазар на Рено во Европа, после Франција, со околу половина милион продадени возила минатата година.

Во исто време, повлекувањето од Русија го официјализираше и познатиот американски ланец за брза храна „Мекдоналдс“. Рестораните на оваа компанија се затворени од почетокот на март.

Посветени сме на нашата глобална заедница и мораме да останеме цврсти на нашите вредности“, порача извршниот директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински.

Мекдоналдс“ е присутен во Русија 30 години, имаше 850 ресторани и вработуваше 62.000 луѓе.