Рестриктивни мерки за влез во Македонија

Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат во Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат за примени најмалку две дози на вакцина против Ковид-19, или за прележан Ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред влез на државата.

„За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан Ковид-19, ќе се одреди мерка карантин од седум дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, се посочува во соопштението од владината седница.

Странските државјани кои транзитираат низ земјата, како што се наведува, ќе можат да го направат тоа во рок од пет часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.

 

 

(Фото: МИА)