Средба на Димитров со амбасадорот Јан Петерсен шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ODIHR за Референдумот

LinkSense.mk

Референдумот кој што беше одржан е тема на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за неговото спроведување.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Димиторов изразил благодарност за работата на набљудувачката мисија ОБСЕ/ОДИХР за референдумот во Република Македонија и го повторил историското значење на плебисцитот кој е од огромна важност за иднината на земјата и нејзините стратешки определби за интеграција во НАТО и ЕУ.

„Министерот Димитров ја потенцирал важноста од набљудувањето на Референдумот од страна на ОБСЕ/ОДИХР и ја реафирмирал подготвеноста на Република Македонија за продолжување на долгогодишната соработка со ОДИХР, а особено во насока за подобрување на сите аспекти на Законот за референдум и вкупно на нашиот изборен систем, се вели во соопштението од МНР.

Амбасадорот Петерсен се заблагодарил за соработката која ја оствари Набљудувачката мисија со Министерството за надворешни работи и со другите институции за реализирање на нивната мисија и ги пренесе ставовите од прелиминарните наоди и заклучоци за процесот на Референдумот.