Рејчел Галовеј ќе биде новата амбасадорка на Британија во Македонија

LinkSense.mk

Нова амбасадорка на Велика Британија во Македонија, ќе биде Рејчел Галовеј.

Таа, доѓа на местото на досегашниот амбасадор Чарлс Гарет и ќе стапи на функција во јули 2018 година.

Галовеј е претседавач на работната група „Машрак – Магреб“ која работи на заедничката надворешна политика на Европската Унија, а конкретниот фокус е соработка со државите од Блискиот исток и земјите од Северна Африка.