Римскиот Колосеум чини 77 милијарди евра

LinkSense.mk

Колосеумот, легендарниот споменик на генијалноста и величественоста на антички Рим, ја доби својата цена.

Во извештајот што го објавија финансиските консултанти на компанијата „Дилојте ЛЛП“, која се наоѓа во Велика Британија, се проценува дека „вредноста на ова општествена знаменитост е околу 77 милијарди евра.

Во Италија постои една изрека која вели дека ако поминете покрај Колосеумот и не се свртите да погледнете во овој легендарен споменик, оној што оди до вас има право да ве удри, затоа што покрај таква убавина не се поминува туку така…

Колосеумот се наоѓа источно од Римскиот форум. Во древниот Рим во него се одржувале спектакли за јавноста, борби на гладијатори и животни, симулации на битки, како и некои од тогашните егзекуции. Зданието го конструирале цареви од Флавиевската династија, па затоа е познат и како амфитеатар Флавија.

Повеќето Италијанци се согласија со проценката за вредноста на Колосеумот“, наведуваат финансиските експерти во извештајот.

Добиената бројка за вредноста на Колосеумот се заснова на повеќе фактори (приходи од продажба на билети, како и резултатите од истражувањето спроведено меѓу италијанското население, во кое е наведено колку финансиски средства би вложиле за зачувување на амфитеатарот).

Повеќе од 90 отсто од вкупниот број на испитаници истакнале дека споменикот мора да се зачува „под какви било околности“, дури и ако тоа значи дека граѓаните треба да плаќаат за одржување.

За вредно богатство како што е Колосеумот, неопходно е да се повикаме на димензијата на вредноста која вклучува и материјална и нематеријална. Во таа смисла, нематеријалната вредност на Колосеумот може да биде поголема од вредноста која се однесува на економската корист која може да ја оствари“, посочи Марко Вулпијани, раководител на Одделот за проценка во „Дилојте Централ Медитеран“.

Колосеумот бил завршен во 80 година п.н.е. и е најголемиот амфитеатар во светот. Привлекува повеќе од седум милиони посетители и генерира годишен приход од околу 1,39 милијарди евра.

Во извештајот се наведува дека Италија, која има голем број споменици вклучени во културното наследство на УНЕСКО, може уште подобро да ги искористи.