Романците со одлична идеја: Бесплатна вакцинација во замокот на Дракула

Најверојатно е дека посетителите кои што овој месец ќе престојуваат во Замокот на Дракула во Романија, ќе пронајдат траги на убод на рака, отколку на вратот, затоа што здравствените власти отворија центар за вакцинација во оваа туристичка атракција.

На туристите кои сакаат да поминат неколку денови во замокот Бран од 14 век, на влашкиот војвода Влад Цепеш, кој му послужи како инспирација на Брем Стокер за романот „Дракула“, медицински персонал со вамписки подочници ќе им понуди бесплатни вакцини „Фајзер“ против ковид-19, пренесува Ројтерс.

Управата на дворецот се надева дека со услугата ќе привлече повеќе луѓе на оваа туристичка дестинација во Трансилванија, во околина на градот Брашова, затоа што бројот на посети нагло падна од почетокот на пандемијата.

На бесплатната вакцинација во замокот на Дракула може да се дојде без закажување во текот на секој викенд во мај, а посетителите исто така добиваат и бесплатен влез за изложбата со 52 средновековни инструменти за мачење.

Романската влада постави цел да вакцинира 10 милиони граѓани до септември, но истражувањето кое во април го објави организацијата „Глобсек“ покажа дека Романците се најмалку заинтересирани за имунизација од сите источни членки на Европската унија.