Рома во втората фаза, Јунајтед и понатаму во игра

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го победија на свој терен Феенорд со 4:0 и така ги задржаа шансите да се пласираат во втората фаза од Лигата Европа.

Водечкиот гол го постигна Вејн Руни на асистенција на Златан Ибрахимовиќ во 35 минута, Хуан Мата зголеми на 2:0 во 69, Бред Џонс со автогол во 75 минута ги доведе „црвените ѓаволи“ во водство од 3:0, а Џеси Лингард во надополнувањето на времето го постави конечниот резултат.

manchester-united-feenord

Јунајтед сега има девет бодови, еден помалку од водечкиот Фенербахче, кој ја победи украинската Зорија со 2:0. Феенорд има седум бодови.

Манчестер во последното коло и гостува на Зорија, а Феенорд го пречекува Фенербахче.

Феенорд во првиот дуел го победи Јунајтед со 1:0, така што сега за пласман во понатамошниот тек на натпреварувањето мора да ја совлада турската екипа, а „ѓаволите“ да загубат.

Ситуацијата во групата Ф е јасна. Генк го победи Рапид со 1:0, додека Атлетико Билбао го совлада Сасуоло со 3:2.
Генк и Атлетико на едно коло пред крајот имаат по девет бодови, додека Рапит и Сасуоло по пет.

rapid-genk

Олимпијакос дома одигра 1:1 со Јанг бојс, но обезбеди пласман во вториот дел.

Грчкиот шампион сега има еден бод помалку од водечкиот Апоел, со кој се состанува во следното коло.

olimpiakos

По три бода помалку имаат Јанг бојс и Астана, но дури и ако Олимпијакос загуби, евентуалниот победник од овој дуел нема да може да ги престигне атињаните затоа што има негативен скор во меѓусебните дуели.

Сент Етјен и Мајнц одиграа 0:0 во Франција и тоа е резултат кој на „зелените“ им го приближи пласманот.

mainc

Сент Етјен има три бода повеќе и во последното коло гостува на првопласираниот Андерлехт, но дури и ако загуби, во предност е над германската екипа, затоа што во првиот натпревар беше 1:1.

Рома на свој терен ја победи екипата на Викторија од Плзењ со 4:1, со хет-трик на Един Џеко, и така обезбеди пласман во втората фаза.

roma

„Волчицата“ сега има 11 бодови, четири повеќе од Астра, која после пресврт ја победи со 2:1 Австрија во Виена. Австрија сега има пет бодови, а Викторија три.

Астра во последното коло ја дочекува Рома, а Австрија оди на гости кај Викторија.

Ситуацијата во групата Д е крајно неизвесна.

Занит од Санкт Петербург го победи Макаби од Тел Авив со 2:0 и сега ги има сите 15 бодови.

zenit-1

АЗ Алкмар на гости го победи Диндалк со 1:0 и изби на второто место со пет бодови, додека Дуналк и Макаби имаат по четири.

Макаби во последното коло го дочекува Дундалк, додека Аз Алкмар ќе биде гостин на Зенит.

az-alkmar

Резултатите од натпреварите во петтото коло од Лигата Европа:

Астана–Апоел 2:1; Фенербахче–Зорија 2:0; Габала–Андерлехт 1:3; Зенит–Макаби 2:0; Ајакс-Панатинаикос 2:0; Селта–Стандард 1:1; Фиорентина–ПАОК 2:3; Гент–Брага 2:2; Хапоел–Интер 3:2; Либерец–Карабаг 3:0; Шалке–Ница 2:0; Шајтјор–Коњаспор 4:0; Спарта–Саутемптон 1:0; Стеауа–Османлиспор 2:1; Цирих–Вилјареал 1:1; Рома–Викторија 4:1; Атлетик Билбао–Сасуоло 3:2; Австрија–Астра 1:2; Дундалк–АЗ Алкмар 0:1; Рапид-Виена 1:0; Манчестер јун.–Феенорд 3:0; Олимпијакос–Јанг бојс 1:1; Сент Етјен–Мајнц 0:0