Роналдињо и Рикелме сакаат да играат за Шапекоенсе

Легендарните фудбалери Роналдињо Гаучо и Хуан Рамон Рикелме изразија желба од почетокот на следната година да заиграат за бразилската екипа Шапекоенсе во знак на солидарност кон жртвите во трагичниот настан.

rikelme

Рикелме е во играчка пензија веќе две години, но е подготвен повторно да се активира и шест месеци да ги мине во Бразил без каква било парична надокнада.

„Мојот брат и пријателите сакаат повторно да играм. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави аргентинскиот фудбалер за весникот „Ел Бокон“.

ronaldinjo

На истиот чекор, како што пишуваат бразилските медиуми, ќе се одлучи и своевремено најдобриот фудбалер на светот и ѕвезда на Барселона, а моментно без ангажман, Роналдињо.

Авионот со експедицијата на Шапекоенсе, на пат кон Меделин за првиот натпревар од финалето на Купот Судамерикана против Атлетико Насионал, се сруши пред да слета во тој колумбиски град.

Во несреќата загинаа 71 лице, а шест останаа живи.