Роналдо на столбот на срамот: Удри аутистично дете

LinkSense.mk

Португалскиот ас, Кристијано Роналдо, важи за еден од најдобрите фудбалери на денешницата, но со потегот после натпреварот со Евертон падна во очите на многу навивачи. Португалецот кој настапува за „црвените ѓаволи“ по мечот против „Карамелите“ направи потег кој не му доликува ниту на играч од некоја селска лига, не пак нему… Поточно не му доликува никому, на кој било човек. Тој му го скрши телефонот на момче со аутизам.

Мајката на Џејкоб го потврди настанот за „Ливерпул еко“. Таа истакна дека фудбалерот на Јунајтед бил му бил идол на нејзиниот син, но успеал да му го уништи првиот натпревар во животот.

На крајот на мечот играчите на Манчестер Јунајтед го напуштаа теренот, а ние бевме на трибините покрај тунелот, мојот син го извади телефонот за да ги сними. Сакаше да го сними секој играч на Јунајтед. А, кога Роналдо минуваше го спушти телефонот затоа што му крвареше ногата, а притоа тој не кажа ништо. Роналдо помина покрај него и срамно и бесно го удри по раката и телефонот и продолжи кон соблекувалната, изјави мајката на споменатото момче.

Патем, додаде дека аутистичното момче не било веднаш свесно што се случило.

Не ми се верува дека зборувам за ова. Плачев, бев во шок, Џејкоб беше уште повеќе шокиран. Тој е аутистично момче, па не сфати веднаш што се случи, додека не дојдовме дома. Беше многу вознемирен и разочаран. Ова беше неговиот прв натпревар во животот. Имавме прекрасен ден до пред самиот крај, кога тоа се случи. Роналдо ни уништи се за секунда изјавила мајката на момчето.

Во меѓувреме се огласија од Олд Трафорд, соопштија дека е покрената истрага за да се утврди што всушност се случило. Роналдо веќе му се извини на момчето и изрази каење. Тој ги повика и Џејкоб и неговото семејство на следниот натпревар на Јунајтед на Олд Трафорд, но штетата е веќе направена…

 

 

 

 

 

(Фото: АП/Танјуг)