Роналдо останува во Јувентус

Спортскиот директор на Јувентус, Федерико Черубини најави дека Кристијано Роналдо ќе остане во Торино и следната сезона.

Како и многу приказни ова лето, така и приказната за Кристијано Роналдо имаше неколку „завршетоци“.

Спортинг се надеваше дека ќе може да го врати фудбалерот кој првите фудбалски чекори ги направи токму во тој клуб, Манчестер јунајтед сакаше да ја врати својата некогашна ѕвезда, а дури и Реал Мадрид се распрашувал за можен трансфер на овој фудбалер. Федерико Черубини со една изјава ги „закопа“ надежите на сите овие клубови.

„Моментно не добиваме сигнали од страна на Роналдо дека тој сака да го напушти клубот, исто така, ни ние не сакаме да се збогуваме со него. Среќни сме што ќе остане со нас и во следната сезона“.

Јувентус моментно се наоѓа во преговори со еден од најдобрите играчи во репрезентацијата на Италија на Европското првенство, Мануел Локатели.

(Фото: АП)