Рохани: „Господине Трамп, не си играјте со опашката на лавот!“

LinkSense.mk

Иранскиот претседател Хасан Рохани упати остро предупредување на претседателот на САД, Доналд Трамп, објави агенцијата ИНСА.

„Господине Трамп, не си играјте со опашката на репот, заради тоа само можете да зажалите“, порача Рохани.

Тој наведе дека „Америка треба да знае дека мирот со Иран е мајка на секој мир, а војна со Иран е мајка на сите војни“.

Иранскиот врховен водач Ајатолахот Али Хамнеи во саботата изјави дека би била очигледна грешка да се преговара со САД затоа што е невозможно човек да се потпре на Вашингтон и додаде дека го поддржува предлогот за блокирање на извозот на нафта за заливските земји ако дојде до укинување на извозот на нафта на Иран.

„На збор, дури ни на потпис на Американците не можеш да се потпреш, така што преговори со Америка не се воопшто од корист“, рече Хамнеи на состанокот со официјални лица од Министерството за надворешни работи.

„Преговорите со САД би биле очигледна грешка“, дециден е Хамнеи.

Тој, исто така, го поддржа предлогот на иранскиот претседател Хасан Рохани за можна блокада на извозот на нафта од земјите на персискиот залив ако дојде до блокада на извозот на нафта од Иран.