Русија го предупреди Запад: Не ја „пумпајте“ Украина со оружје!

LinkSense.mk

Русија ги повика западните земји да престанат да ја поттикнуваат милитаризацијата на состојбата на југоистокот на Украина.

Сакам уште еднаш да напоменам дека судирот на истокот на Украина нема воено решение, тоа го заклучија сите тие држави кои се грижат за цивилите и, во принцип, за состојбата во Украина“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Како што истакна, обидите проблемот да се реши со сила ќе има непредливи и трагични последици.

Ги повикуваме престолнините кои ја ‘пумпаат’ Украина со оружје, а тоа се пред се Вашингтон, Берлин и Париз, како учесници во нормандискиот формат да престанат да ја поттикнуваат милитаризацијата на државата и да го искористат своегто влијание да го вратат Киев на патот за постигнување на траен мир во Донбас со политичко – дипломатски средства“, апелираше Захарова.

Според нејзините зборови, Москва не ја исклучува понатамошната деградација на состојбата во Донбас заради постапките на Киев.

Украинската војска свесно ги крши дополнителните мерки за јакнење на режимот на прекин на огнот кои се договорени во јули 2020 година“, прецизираше портпаролката.

Исто така, таа констатираше дека Киев намерно ја загрозува и онака крајно тешката состојба и ги игнорира барањата на претставниците на Донбас во Заедничкиот центар за контрола и координација за гарантирање на режимот на тишина.