Русија: Македонија е присилно вовлечена во НАТО

LinkSense.mk

Руското Министерство за надворешни работи смета дека Македонија е присилно вовлечена во НАТО, велејќи дека таквите чекори ги продлабочуваат поделбите и ги зголемуваат тензиите во Европа.

„Присилното вовлекување на Македонија во НАТО само потврдува дека политиката на отворени врати стана цел сама по себе и алатка за контролирање на геополитичката територија“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија, објави „Ројтерс“.