Русија денеска му порача на светот да покаже воздржаност кога е во прашање Северна Кореја и истакна дека е од суштинско значење да се избегне се што би довело до „точка од каде што нема враќање“.
Портпаролката на руското министерство за одбрана Марија Захарова изјави на конференција за новинари во Москва дека кој било обид за употреба на сила во решавање на проблемот со Северна Кореја ќе резултира со масовна трагедија и огромна загуба на човечки животи.
Северна Кореја соопшти дека ги разгледува плановите за испалување набалистички ракети во близина на американската територија Гуам на Пацификот, но државните медиуми на таа земја пренесоа дека нивниот водач Ким Јонг Ун решил да го одложи донесувањето на одлуката, како и дека ќе го чека следниот чекор на САД.








